викнат
Вид збор: Глагол, свршен
почне, започне
Примери:
Викна да пее.
Се зафати сериозно со некоја работа.
Примери:
Кога му викна да сече дрво, за еден саат ја заврши работата.
влезат
Вид збор: Глагол, свршен
Во повеќе изрази со значење почне некое дејство.
Примери:
Влезе на работа.
заберат
Вид збор: Глагол, свршен
(се забере) Тргне да оди, да прави нешто.
Примери:
Кај си се забрал олку рано.
започнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне некакво дејство, некаква акција.
Примери:
Не знаеше како да го започне разговорот.
зачнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне, започне некаква дејност.
Примери:
Tој ја зачна културно-просветната борба во градот.
Зароди, се појави, се покаже нешто.
Примери:
Од тој ден зачна сомнежот што го мачеше долго.
легнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прави нешто со голем интензитет, во голема мера.
Примери:
Легна да јаде.
начнат
Вид збор: Глагол, свршен
почне, започне
Примери:
Подобро да не го начнуваме тој разговор.
опнат
Вид збор: Глагол, свршен
Започне да прави нешто.
Примери:
Штом ќе излезеше од селото, ќе опнеше еден разговор за времето со него.
палат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта мотор во дејство.
Примери:
Пали мотор.
поаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
тргнува
Примери:
Поаѓа на службен пат.
Вид збор: Глагол, свршен
подигне, почне, тргне
Примери:
Целиот систем го покренавме во миг и ги ангажиравме возилата за итна медицинска помош.
потераат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прави, да пројавува нешто.
Примери:
Од него не можевме да потераме работа.
почнат
Вид збор: Глагол, свршен
Започне изградба, изработка на нешто.
Примери:
Оваа година ја почнавме куќата.
пријдат
Вид збор: Глагол, свршен
Започне да работи, се фати со работа.
Примери:
Сега ќе пријдеме кон истражување на новите состојби.
пристапат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прави нешто.
Албански:
filloj, startoj
Примери:
Владата пристапи кон реализација на новиот проект.
пуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави во дејство, во активност објект (фабрика, погон).
Примери:
Претседателот на општината ја пушти во работа новата електрана.
речат
Вид збор: Глагол, свршен
Во состав со друг глагол - го означува почетокот на дејството изразено во него.
Примери:
Забучи, и кога рече паѓам.
стартуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Започне во утврден рок.
Примери:
Стартува учебната година.
(за машина) Почне да работи.
Примери:
Стартува автомобил.
тргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за работа, трговија, занаети) појде
Примери:
Работава некако не ни трга.
тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се движи - во определен правец, за некаде, на пат.
Примери:
Возот тргна.
удрат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3 л. едн.) За дожд, град - почне.
Примери:
Удри дожд, удри град.